ЕП У16 Удине

Македонија во последната четвртина прокоцка победа против Израел, ЕП го завршивме на 12. место

Македонските кошаркари до 16 години на 12. место го завршија настапот на Европското првенство во Удине откако денеска со 83:72 загубија од Израел.

Македонија не успеа да му се реваншира на Израел за поразот во групната фаза од Европското првенство, загубивме уште еднаш од истиот противник.
 
Нашите млади кошаркари водеа во голем дел од мечот, на полувремето имавме предност од 39:37, а во последниот период влеговме со водство од 61:58.
 
Но потфрливме во последниот период кој го загубивме со дури 14 поени разлика (11:25), на крајот Израел славеше со убедливи 83:72.
 
Најефикасен во редовите на Македонија беше Филип Наков со 20 поени, Андреј Митревски постигна 11, по десет реализираа Мемед и Петков.
 
Со овој пораз Македонија го заврши настапот на Европското првенство во Удине на 12. место. Кошаркарските надежи се покажаа во солидно издание покажувајќи дека можат да се надигруваат со најдобрите селекции на континентот.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе