Квалификации за ЕП 2021

Македонија во храбра игра загуби од Русија

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби и вториот меч во квалификациите за ЕП 2021, очекувано бевме поразени од селекцијата на Русија со 77:67, но му пруживме силен отпор на домаќинот. 

По поразот од Естонија на домашен терен, македонските кошаркари загубија и на гостувањето кај Русија. Ако првиот загубен меч беше изненадување, денешниот пораз е очекуван иако руската селекција игра без кошаркарите од Евролигата.
 
Македонија одлично го почна мечот, на почетокот имаше шест поени разлика 8:2, имавме и 20:14, но првата четвртина ја добивме со само еден разлика 20:19.
 
Брзо во вториот период Русија го презема водството и не го пушти до самиот крај. На полувремето тие имаа предност од само два поени разлика. Нашите кошаркари се држеа во игра, постојано ја бркаа предноста на домаќините.
 
Русите во последниот период имаа највисоки 13 поени разлика, во финишот Македонија успеа да дојде до само три негатива, но кога се решаваше мечот одигравме лошо и на крајот бевме поразени со 77:67.
 
Витингтон и Магдевски постигнаа по 14 поени, Војдан Стојановски реализираше десет, по девет дадоа Дамјан Стојановски и Ѓуровски. Кај Русите Витали Фридзон постигна 23, Кулагин 15.
 
Следните натпревари на Македонија во квалификациите се дури во ноември, на гостински терен играме кај Италија и Естонија.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе