Квалификации за СП

Македонија убедливо загуби од Шпанија, но Тео Симиќ блесна

Македонската кошаркарска репрезентација со убедлив пораз од Шпанија (65-94) ги почна квалификациите за Светското првенство, но можеме да бидеме задоволни затоа што Тео Симиќ го презентираше својот талент и покажа дека во него ќе имаме идна ѕвезда. 

Фото: ФИБА
Шпанија во Скопје дојде без играчите од НБА и Евролигата, па може да се каже дека ова беше нивниот трет или четврти состав, но и Македонија беше некомплетна, селекторот не можеше да смета на дел од нашите најдобри кошаркари.
 
Шпанците беа голем фаворит, а тоа го потврдија брзо откако почна мечот. Неизвесни беа само првите неколку минути, потоа Шпанците почнаа да доминираат на теренот и да создаваат разлика.
 
Најголемата предност ја имаа во третиот период кога поведоа и со 33 разлика, 37:70. Но потоа следуваа најдобрите минути на македонската репрезентација која направи серија од 15-0 и дојде на негатива од 18 поени.
 
Оваа серија на Македонија дојде како предупредување за Шпанците дека рано е за да се опуштат, повторно притиснаа и на крајот славеа со убедливи 65-94.
 
Но, нема простор за тага, повеќе за радост бидејќи го добивме Теодор Симиќ кој со 17 години беше најдобар во нашата репрезентација и покажа дека е голем талент пред кого е светла иднина.
 
Симиќ за 16 минути игра постигна 18 поени, двоцифрен беше уште и Џејкоб Вајли кој реализираше 10 поени, Меќиќ и Робев постигнаа по 9. Најефикасен кај Шпанија беше Сима со 17 поени.
 
Следниот натпревар на Македонија е на 29. ноември на гостински терен кај Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ФИБА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе