Квалификации за ЕП 2019

Македонија со пораз од 60 поени разлика се враќа од Италија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе уште еден висок пораз, „Црвено-жолтите" загубија на гостувањето во Италија со 93-33

Февруарските натпревари од квалификациите за Евробаскетот не вратија во реалноста и ни покажаа на какво ниво е женската кошарка во Македонија.

По убедливиот пораз на домашен терен од Хрватска, избраничките на Марјан Лазовски доживеаја нов дебакл, овој пат на гостувањето кај Италија каде претрпеа пораз од 93-33.

Уште од самиот старт се виде кој е кој, домаќините го отворија мечот со серија од 21-0, Македонија првите поени ги реализираше на истекот на осмата минута кога Лазареска погоди за два.

„Црвено жолтите“ ја подобрија играта во офанзива во вторите 10 минути, реализираа 15 поени, но и примија 31, па на полувреме се замина со резултат 56-19.

Најизедначено беше во третата четвртина која Италија ја доби со 15-11. Сепак, „Аѕурите“ својата класа одново ја демонстрираа во завршните 10 минути, кои ги решија во своја корист со 22-3 и на крајот славеа со убедливи 93-33.

Во редовите на Македонија немаше ниту една кошаркарка со двоцифрен учинок, прв стрелец беше Митрошиновиќ со 9 поени. Тантуровска, Лазареска, Кметовска и Парис постигнаа по четири.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе