Квалификации за ЕП 2022

Македонија победи, Естонија се радува

Пирова победа на Македонија, нашата кошаркарска репрезентација ја совлада Естонија со 86-84, но тоа не беше доволно за пласман на Европско првенство. 

На Македонија и беше потребна победа со двоцифрена разлика против Естонија, триумфиравме но само со два разлика, клучно беше лошото прво полувреме, особено првата четвртина.
 
Македонските кошаркари лошо влегоа во клучниот натпревар, правевме многу грешки во првите две четвртини, а бевме лоши и во нападот. Првата четвртина Естонија ја доби со 27-18.
 
Во вториот период малку ја подобривме играта во одбраната, но бевме далеку од потребното ниво, Естонија ја зголеми предноста и на одморот замина со водство од 49-38.
 
По одморот заигравме значително подобро, бевме одлични во нападот во третиот период и почнавме да ја намалуваме негативата. Во последните десет минути продолжвме да ја топиме предноста на противникот а последната минута ја игравме на реми бидејќи само продолжение ќе ни ги продолжеше шансите.
 
Во една необична завршница во која Естонците намерно промашуваа слободни фрлања само за да не ни дадат шанса за нерешено, во последните секунди со тројка на Димитријевиќ дојдовме до победа од 86-84 која не ни значи многу.
 
Мисијата не ја остваривме, не успеавме да ја надополниме негативата од првиот меч со Естонија, па пласман на Европско првенство ќе бараме некоја друга година.
 
И на овој натпревар најефикасен беше Ненад Димтријевиќ со 23 поени, Бојан Трајковски беше одличен со 21 поени, Вајли погодии 18, а двоцифрен беше и Магдевски со десет поени. 
 

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе