Европско првенство за играчи до 16 години

Македонија останува во елитата, кадетите ја совладаа Босна и Херцеговина за втора победа на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 16 години обезбеди опстанок во А дивизијата откако попладнево ја доби пресметката со Босна и Херцеговина со 76-64.

„Црвено-жолтите“ ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 позиција на Европското првенство во Удине, а уште поважно, обезбедија и опстанок во елитата и нов настап во А дивизија. 

Попладнево, избраниците на Денис Дервишевиќ ја забележаа втората победа и ја совладаа Босна и Херцеговина со 12 поени разлика. Македонија денеска одигра многу подобро, имаше реализација на шут за два од 40%, и шут за три од 39,10%. За нијанса бевме послаби во скок играта, но затоа имавме повеќе украдени топки и помалку изгубени топки од противникот. 

Во првите две четвртини се играше рамноправно, ниту една од репрезентациите не успеа да направи опиплива предност и на пауза се замина со резултат 33-34 во корист на Босна и Херцеговина.

Македонија превзеде целосна контрла над мечот во третиот период, кога нашата офанзива експлодира со 30 поени, па стигнавме до +15 (63-48) и практично тука беше решено прашањето за победникот. 

Во последните 10 минути одигравме рутински, не му дозволивме на противникот да се врати во игра и на крајот славевме со 76-64. 

Најдобар поединец во нашите редови беше Андреј Митревски со 25 поени, а двоцифрени беа и Резарт Мемед со 15 поени и Филип Наков со 10 поени. 

Следен противник на Македонија е репрезентацијата на Словенија, мечот се игра во петок со почеток во 21 часот.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе