Квалификации за ЕП 2021

Македонија лошо тргна, пораз од Естонија на домашен терен

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Естонија со 81:72 на првиот меч од квалификациите за ЕП кој се играше во Скопје, во втората четвртина постигнавме само пет поени. 

Квалификациите само што почнаа, а Македонија значително си го отежна патот до Европското првенство откако загуби во Скопје од Естонија, репрезентацијата пред која се надевавме дека ќе бидеме на крајот.
 
Избраниците на Тодоров одиграа очајно прво полувреме, фрапантно изгледа податокот дека во втората четвртина дадовме само пет поени а примивме 25. На одморот Естонците имаа водство од 45:23.
 
Во второто полувреме игравме значително подобро, но тоа не беше доволно за комплетен пресврт. Кога и да се доближевме, Естонија ни ја уриваше надежта дека можеме комплетно да се вратиме во мечот.
 
Само шест кошаркари на Македонија постигнаа поени, убедливо најдобар беше Војдан Стојановски со 26 поени, по 15 реализираа Димитријевиќ и Витингтон, Дамјан Стојановски даде осум, Крстевски пет, Магдевски три.
 
Не можевме да најдеме решение за расположениот Куламае кој со 31 поен беше предводникот на Естонија во победата, двоцифрен кај гостите беше уште и Вене со 16 поени.
 
Следниот натпревар на Македонија е на гостински терен кај Русија, мечот се игра во недела од 16 часот.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе