Куп на Македонија

Македонија ќе добие нов победник во Купот, Работнички по две продолженија го совлада МЗТ Скопје

Работнички и МЗТ Скопје одиграа крајно неизвесно полуфинале со две продолженија, на крајот славеа Центарци со 93:89 и се пласираа во големото финале од Купот на Македонија.

Македонија ќе добие нов куп шампион откако МЗТ Скопје загуби во полуфиналето од Работнички во еден крајно драматичен меч кој траеше 50 минути.
 
Во регуларниот тек од мечот Работнички постојано имаше водство, во текот на вториот период имаа предност и од највисоки 17 поени разлика, 37:30. Со двоцифрена предност влегоа и во последниот период, но во финишот од мечот МЗТ Скопје се разбуди и на пет минути до рајот дојде до првото водство 66:65.
 
Последните секунди донесоа големи возбудувања, на пет секунди до крајот при резултат од 70:70, Дамјан Стојановски направи прекршок за три слободни фрлања за работнички, Караџовски реализираше две од трите, а во следниот напад Бојиќ погоди за израмнување. Имаше три секунди и за Работнички, Чековски беше фаулиран при обидот за шут, но не беше ништо досудено и мечот отиде во продолженија.
 
И во првото продолжение Работнички беше тимот кој што водеше, имаа 79:75, на минута и пол до крајот, но за тој период само Иванов и Бојиќ реализираа и петте минути завршија 79:79, па се отиде и на второ продолжение.
 
И во вторите пет минути Работнички го диктираше резултатот, овој пат не дозволи да му избега победата, на крајот славеа со 93:89 и заслужено се изборија за финале во кое ќе играат против тимот на Блокотехна.
 
Најефикасен во составот на Работнички беше Костов со 19 поени, по 17 постигнаа Стајиќ и Јанески. Кај МЗТ Скопје, Бојиќ реализираше 21, по 14 дадоа Иванов и Вудард.
 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе