Четири од четири

Македонија ја прегази Словачка и на коло пред крајот го завери првото место

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години ја оствари четвртата победа во четвртиот натпревар на Европското првенство Б дивизија, овој пат ја декласиравме Словачка со 83:58.

Македонските кошаркари до 18 години продолжуваат да газат на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Орадеа, Романија.
 
Денеска лекција доби репрезентацијата на Словачка. Македонија беше доминантна иако ја загуби првата четвртина со 18:16. Потоа избраниците на Тони Симиќ го покажаа својот квалитет и веќе на полувремето заминаа со 42:30.
 
Во последните две четвртини само ја зголемувавме предноста за на крајот да славиме со огромни 25 поени разлика, 83:58.
 
Најдобар и на овој меч беше Андреј Јакимовски кој имаше 10 поени и 10 скока. 10 поени реализираше и Дарио Митевски, Миловановиќ и Исајлоски по девет.
 
Со оваа победа Македонија на коло пред крајот го завери првото место во групата бидејќи имаме подобар меѓусебен дуел од Грузија, таа е единствената репрезентација која може бодовно да се изедначи со нас.
 
Во последното коло Македонија игра против Данска која досега ја победи само Словачка.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе