Европско првенство за играчи до 18 години

Македонија ја прегази Естонија со 35 разлика за полуфинале на Европското првенство во Орадеа

Македонија ќе игра полуфинале на Европското првенство Б дивизија за играчи до 18 години откако попладнево убедливо триумфираше над Естонија со 92-57.

Избраниците на селекторот Тони Симиќ се пласираа помеѓу четирите најдобри селекции на Европското првенство во Орадеа. Попладнево Македонија немаше милост за Естонија и славеше со 35 поени разлика.

Се беше јасно по првите десет минути кога „црвено-жолтите“ реализираа 30 поени а примија само 6. Па продолжението од мечот беше само рутина.

Втората четвртина беше прилично изедначена и Македонија ја доби со 28-26, но во третиот период повторно дојде до израз квалитетот на нашата селекција и стигнавме до позитива од 37 поени.

На стартот од последната четвртина, водството во два наврати беше и +43, но потоа следуваше мало опуштање па Естонија го доби овој период со 15-17 и конечниот резултат на семафорот гласеше 92-57.

Убедливата победа беше резултат на тимска игра, дури пет играчи имаа двоцифрен учинок, а прв стрелец беше Андреј Јакимовски со 17 поени.

Со победата над Естонија, Македонија обезбеди две шанси за промоција во А дивизијата во која одат трите најдобри репрезентации. Првата прилика за влез во елитата ќе ја имаме во полуфиналната пресметка со подобриот од Израел и Шведска. Доколку загубиме, поправен испит ќе имаме во малото финале со поразениот од дуелот помеѓу Полска и Чешка.

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе