Претквалификации за СП 2023

Македонија ја победи Швајцарија и се пласираше во квалификациите за СП

Македонската кошаркарска репрезентација на коло пред крајот обезбеди пласман во квалификациите за Светското првенство 2023 откако денеска со 67-61 ја победи Швајцарија. 

Се уште теоретски не сме го обезбедиле пласманот во квалификациите, но реално да. Само невидено чудо може да не спречи да испаднеме, а тоа е Швајцарија утре да ја победи Словачка, а Словаците потоа да ја совладаат Македонија со повеќе од 60 поени разлика. Исход кој реално е невозможно да се случи.
 
Македонија против Швајцарија водеше буквално во текот на целиот натпревар. Започнавме одлично, ја добивме првата четвртина со 18-10,  таквата игра ја продолживме и во следните десет минути, на одморот се замина со предност на нашата репрезентација од 39-23.
 
Швајцарците во второто полувреме се обидуваа да се вратат, но кога и да се приближеа, момците на Бајиќ знаеа да се одлепат. Конечниот резултат гласеше 67-61.
 
Најефикасен во нашата репрезентација беше Адем Мекиќ со 16 поени, Бојан Трајковски постигна 15, двоцифрен беше и Бојан Ккрстевски со 11 поени. Кај Швајцарија најдобар беше Казади со 15 поени.
 
Утре на програмата е дуелот меѓу Швајцарија и Словачка, а турнирот се затвора во среда со мечот меѓу Македонија и Словачка.
 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе