Претквалификации за ЕП 2021

Македонија ја победи и Романија, голем чекор кон главната рунда

Македонската кошаркарска репрезентација одигра одличен натпревар против Романија и оствари многу значајна победа од 90:76 во второто коло од претквалификациите за ЕП 2021. Триумф кој не носи чекор поблиску до главната квалификациска рунда. 

По триумфот во Косово, македонските кошаркари го добија и вториот меч од втората рунда претквалификации за ЕП 2021, денеска во салата „Борис Трајковски“ беше совладана Романија со 14 поени разлика.
 
По првата четвртина која помина во неизвесна игра и заврши со водство на Македонија од 20:19, избраниците на Давитков одиграа одлично во вториот период и на одморот заминаа со водство од 43:35.
 
На исто ниво беше одигран и третиот период во кој имавме и највисоки 16 поени разлика, 57:41. Во последниот период Македонија го одржуваше водството и на крајот сосема заслужено победи со 90:76.
 
Капитенот Војдан Стојановски беше вистински лидер во победата постигнувајќи 21 поен, имаше и 13 скока и пет асистенции. Одличен беше и Бојан Трајковски кој постигна исто така 21 поен, Хендрикс реализираше 14.
 
Македонија има две победи по првите две кола во втората рунда претквалификации. Следниот меч за нашите кошаркари е во декември кога на домашен терен ќе го пречекаме Косово.
 

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе