Претквалификации за СП 2023

Македонија ѝ направи услуга на Словачка, но ја оствари целта

Македонската кошаркарска репрезентација со висок пораз од Словачка од 72-88 ги заврши претквалификациите но ја оствари целта, се пласиравме во квалификациите за СП 2023. 

На Словачка ѝ требаше победа од 16 поени разлика за да ја помине Швајцарија на табелата и да го освои второто место, токму тоа и се случи на денешниот натпревар. 
 
Ние не смеевме да си дозволме пораз од 28 или повеќе разлика, па тешкиот пораз не беше и кобен за Македонија, целта е остварена.
 
Словачка ги доби сите четвртини, во последниот период двапат имаа водство и од 20 поени разлика, но во финишот успеавме да се совземеме и да не дозволиме да ни се случи сенационална елиминација.
 
Николов го одигра својот најдобар натпревар на овој турнир, постигна 17 поени, Мекиќ реализираше 16, Крстевски 15, а двоцифрен беше и Вајли со 14. Кај Словачка доминираа Фушек и Бродзиански, првиот постигна 23 поени, вториот 17.
 
Сите три селекции освоија по шест бодови, но поради подобрата кош разлика, Македонија и Словачка одат во квалификациите за СП 2023, Швајцарија може да жали, можеби тие не очекуваа ваков расплет на денешниот натпревар, но се случи најлошото сценарио за нив.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе