Мајкл Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Кошаркарската легенда, Мајкл Џордан ќе донира 100 милиони долари на групи кои се борат против расизмот и за социјална правда.

Тој и неговиот Џордан Бренд парите ќе ги дистрибуираат во период од десет години.

Парите ќе одат до бројни организации кои се борат против расизмот и ги поддржуваат социјалните права.

„Најавуваме дека заедно со Мајкл Џордан и Џордан бренд ќе донираме 100 милиони евра во текот на следните десет години. Мораме да ги здружиме силите со заедницата, владата и граѓанските лидери за да создадеме заедничко влијание. Има уште многу работа која треба да ја направиме“, вели во дел од соопштението Крег Вилијамс, претседателот на Џордан бренд.

Во САД се случуваат големи протести по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе