Излезе документарната серија „Последниот танц“ посветена на Џордан и Чикаго Булс

Мајкл Џордан: Ако не беше Скоти Пипен, немаше да станам тоа што бев

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајл Џордан во докуентарецот „Последниот танц“ на ЕСПН најголеми пофалби има за својот соиграч Скоти Пипен. 

Синоќа излегоа првите две епизоди од документарна серија „Последниот танц“, во која се зборува за Мајкл Џордан и извонредната генерација на Чикаго Булс која беше незапирлива во своето време.
 
Мајкл Џордан и Скоти Пипен беа тандемот кој доминираше во НБА во тој период. Џордан има само најголеми пофалби за Пипен, вели дека немало да постигне ништо од тоа што постигнал ако го немал него како соиграч.
  
Не победував без Скоти Пипен. Затоа го гледам него како мојот најдобар соиграч на сите времиња. Тој ми помогна многу за начинот на кој им приоѓав на натпреварите, за начинот на кој ги играв натпреварите. Кога и да зборуваат за Мајкл Џордан, треба да зборуваат и за Скоти Пипен“, изјави Мајкл Џордан во документарецот посветен на него и на златната генерација на Чикаго Булс.
 
Документарната серија „Последниот танц“ можете да ја гледате и на Нетфликс.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе