Мајами ја понижи Филаделфија победувајќи ја со 35 поени разлика и поведе со 3-2 во полуфинналната серија на истокот.
Батлер со 23 поени и девет скока беше најдобар кај Мајами, во составот на Филаделфија Ембид постигна 17 поени.
Ништо подобро не помина ниту Далас на гостувањето кај Феникс каде загуби со 30 поени разлика.
Букер со 28 поени беше најдобар поединец во составот на Феникс, Лука Дончиќ реализираше исто толку поени за Далас, имаше и 11 скокови.
Резултати:
Мајами - Филаделфија 120:85 (3-2)
Феникс - Далас 110:80 (3-2)