НБА

Мајами не се предава, нова победа над Лејкерс (ВИДЕО)

Мајами го победи Лејкерс со 111:108 и намали на 3-2 во финалната серија, Џими Батлер имаше нова извонредна партија постигнувајќи трипл-дабл. 

Фановите на Лос Анџелес Лејкерс ноќеска ја чекаа новата НБА титула, но ќе почекаат уште некое време, Мајами Хит не се дава, одиграа одличен меч и дојдоа до втора победа.
 
Натпреварот беше тесен, Мајами најчесто водеше, но Лејкерс не беше далеку, во последниот период езерџиите дојдоа и до водство но го испуштија, но во исклучително драматичната завршница Мајами го доби мечот со 111:108.
 
Џими Батлер одигра уште една маестрална партија, постигна 35 поени, имаше 12 скока и 11 асистенции, Робинсон реализираше 26 поени.
 
Леброн Џејмс беше најефикасен, постигна 40 поени, имаше и 13 скокови, одличен беше и Дејвис со 28 поени и 12 скокови, но тоа не беше доволно за победа.
 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе