НБА

Мајами го освои истокот, следува големото НБА финале против Лејкерс (ВИДЕО)

Мајами со 125:113 го победи Бостон и со 4-2 ја доби финалната серија во источната конференција, во големото НБА финале ќе играат против Лејкерс. 

Иако во регуларниот дел беа само петти на истокот, Мајами Хит со фантастична игра во плеј-офот стигнаа до големото финале во НБА.
 
Синоќа одиграа уште еден тесен меч против Бостон кој го добија во самиот финиш кога направија неверојатна серија од 21:4, губеа со 100:98, па водеа со 119:104, до крајот само рутински ја сочуваа предноста за победа од 125:113.
 
Ѕвезда на мечот беше Бем Адебајо кој постигна 32 поени, имаше и 14 скокови, Батлер реализираше 22, Драгиќ имаше 13. Во составот на Бостон, Браун беше најефикасен со 26, Тејтум постигна 24.
 
 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе