НБА

Маестралниот Дончиќ со личен рекорд го предводеше Далас до победа над Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ постигна фантастични 46 поени, негов личен рекорд во НБА, а Далас го победи Њу Орлеанс со 143-130, блескава партија имаше и Порзингис кој постигна 36 поени. 

Дончиќ бавно го почна мечот, во првата четвртина имаше само два поени, но потоа ги презема работите во свои раце и почна да го полни кошот на противнкот, беше незадржлив, на крајот постави личен рекорд постигнувајќи 46 поени, имаше и 12 асистенции и осум скока.
 
 
Луда партија имаше и Порзингис, центарот на Далас постигна неверојатни осум тројки, а натпреварот го заврши со 36 поени. Кај Њу Орлеанс најдобар беше Зион Вилијамсон со 36 поени, Инграм постигна 30.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Минесота 120:114
Вашингтон - Њујорк 91:109
Атланта - Сан Антонио 114:125
Далас - Њу Орлеанс 143:130
Бостон - Детроит 102:108
Чикаго - ЛА Клиперс 106:125
Денвер - Оклахома 97:95
Јута - Милвоки 129:115
ЛА Лејекерс - Мемфис 115:105
Портланд - Кливленд 129:110
Сакраменто - Орландо 112:123

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе