Дончиќ бавно го почна мечот, во првата четвртина имаше само два поени, но потоа ги презема работите во свои раце и почна да го полни кошот на противнкот, беше незадржлив, на крајот постави личен рекорд постигнувајќи 46 поени, имаше и 12 асистенции и осум скока.
Луда партија имаше и Порзингис, центарот на Далас постигна неверојатни осум тројки, а натпреварот го заврши со 36 поени. Кај Њу Орлеанс најдобар беше Зион Вилијамсон со 36 поени, Инграм постигна 30.
Резултати:
Шарлот - Минесота 120:114
Вашингтон - Њујорк 91:109
Атланта - Сан Антонио 114:125
Далас - Њу Орлеанс 143:130
Бостон - Детроит 102:108
Чикаго - ЛА Клиперс 106:125
Денвер - Оклахома 97:95
Јута - Милвоки 129:115
ЛА Лејекерс - Мемфис 115:105
Портланд - Кливленд 129:110
Сакраменто - Орландо 112:123