Кениското засилување на МЗТ Скопје, Нуни Омот имаше неверојатен меч, постигна 33 поени со само едно промашување, имаше шест од шест за тројка и покажа дека ќе биде главниот мотор на македонскиот тим оваа сезона.
Во првиот дел МЗТ Скопје водеше, но Тузла беше во игра, отпорот на гостите почна да се крши во третиот период во кој нашиот тим дојде до двоцифрена предност која во продолжението ја зголемуваше за конечни 110:88.
Шутот беше главното оружје на кошаркарите на Кочов на денешниот меч, МЗТ Скопје даде дури 19 тројки со само 12 промашувања.
Покрај Нуни Омот, одлична партија имаше и Дамјан Стојановски кој мечот го заврши со 16 поени Крстевски реализраше 13, Магдевски 12.
МЗТ Скопје на овој меч ја имаше поддршката и од Фемили, а поради нивната кореографија мечот почна подоцна.
Следната среда МЗТ Скопје го игра вториот меч од АБА лигата, повторно против босански клуб, му гостува на Спарс во Сараево.