НБА

Маестрална партија на Јокиќ, Кари со 49 поени го предводеше Голден стејт до победа (ВИДЕО)

Денвер по две продолженија го победи Мемфис со 139-137, Јокиќ постигна 47 поени, брилијантен беше и Стеф Кари кој со 49 поени го предводеше Голден стејт со триумф во Филаделфија од 107-96. 

Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто е главен фаворит за наградата МВП, српскиот центар одигра фантастичен меч против Мемфис. Тој даде 47 поени, имаше 15 скокови и осум асистенции. 
 
Мечот меѓу Денвер и Мемфис беше исклучително драматичен, се играа две продолженија, а на крајот победија домаќините со 139-137. Најдобар кај Мемфис беше Морант со 36 поени, 12 асистенции и осум скока.
 
 
Стеф Кари 11. партија по ред постигнува над 30 поени, овој пат и даде дури 49 на Филаделфија и беше главен во победата од 107-96. Најдобар кај домаќините беше Џоел Ембид со 28 поени, 13 скокови и осум асиситенции. 
 
 
Резултати:
 
Детроит - Кливленд 109:105
Бостон - Чикаго 96:102
Филаделфија - Голден стејт 96:107
Индијана - Сан Антонио 94:109
Мајами - Хјустон 113:91
Милвоки - Феникс 127:128
Вашингтон - Оклахома 119:107
Денвер - Мемфис 139:137
ЛА Лејкерс - Јута 97:111

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе