НБА

Маестрална партија на Батлер, трипл-дабл на Харден (ВИДЕО)

Со фантастични 52 поени, Џими Батлер го предводеше Чикаго до победа против Шарлот, Харден оствари трипл-дабл учинок во триумфот на Хјустон над Вашингтон.

Чикаго со 118:111 го победи Шарлот, а во центарот на вниманието беше најдобриот кошаркар на „биковите“ Џими Батлер кој имаше неверојатна партија.
 
Батлер постигна 52 поени, имаше и 12 скокови и беше главниот во победата на Чикаго која беше остварена со одлична игра во последната четвртина. Во тимот на Шарлот, Вокер постигна 34 поени.
 
 
Харден имаше уште еден одличен меч, овој пат со трипл-дабл на дуелот со Вашингтон, Хјустон го доби натпреварот со 101:91.
 
Најефикасен во тимот на Хјустон беше Гордон со 31 поени, Харден постигна 23, имаше десет асистенции и десет скокови.
 
Шампионот Кливленд го победи Њу Орлеанс со 90:82, а Голден стејт со 127:119 славеше над Денвер.
 
Резултати:
 
Кливленд - Њу Орлеанс 90:82
Милвоки - Оклахома 98:94
Бруклин - Јута 89:101
Њујорк - Орландо 103:115
Чикаго - Шарлот 118:111
Хјустон - Вашингтон 101:91
Голден стејт - Денвер 127:119
Лос Анџелес - Клиперс 109:98 

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе