НБА

Лука Дончиќ со уште една блескава партија го предводеше Далас до победа (ВИДЕО)

Далас со 138:122 славеше на гостувањето кај Мемфис, а главна ѕвезда и на овој меч беше Лука Дончиќ. 

Лука Дончиќ има одличен старт на својата втора сезона во НБА лигата, Словенецот е во константна форма и речиси на секој меч е главниот играч на Далас.
 
Ноќеска тие победија со 138:122 на гостувањето кај Мемфис и ја забележаа шестата победа во деветиот меч оваа сезона
 
Лука Дончиќ беше најдобар на теренот со учинок од 24 поени, 14 скокови и осум асистенции. Џексон од Мемфис имаше 23 поени.
 
 
Џејмс Харден одигра уште еден меч според неговите стандарди, со многу поени, а Хјустон со 117:94 победи на гостувањето кај Чикаго.
 
Харден реализираше 42 поени, имаше десет скока и девет асистенции. Најдобар кај Чикаго беше Капела со 16 поени, но дури 20 скокови.
 
 
Резултати:
 
Сан Антонио - Бостон 115:135
Шарлот - Њу Орлеанс 94:117
Чикаго - Хјустон 94:117
Мемфис - Далас 122:138
Оклахома - Голден стејт 114:108
 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе