НБА

Лука Дончиќ со нов трипл-дабл надмина остварување на Мајкл Џордан (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше фантастичен настап против Чикаго Булс но тоа не му помогна на Далас да дојде до победа, сепак Словенецот го помина Мајкл Џордан по трипл-дабл учиноци во кариерата. 

Далас на свој терен беше непријатно изненаден од Чикаго кој победи со 117:101. Лука Дончиќ имаше одличен меч, но не можеше сам.
 
Дончиќ мечот го заврши со 36 поени, 16 скокови и 15 асистенции, ова за него беше 29. трипл-дабл учинок со кој го помина Мајкл Џордан во оваа категорија и се искачи на 16. место на вечната листа.
Втор стрелец на Далас беше Порзингис со 20 поени. Најдобар кај Чикаго беше Марканен со 29 поени и десет скокови.
 
 
 
 
Резултати:
 
Бостон - Њујорк 75:105
Далас - Чикаго 101:117
Денвер - Јута 105:109
Сакраменто - Њу Орлеанс 123:128
ЛА Клиперс - Индијана 129:96

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе