НБА

Лука Дончиќ го постигна 21. трипл-дабл во кариерата и го предводеше Далас до нова победа (ВИДЕО)

Далас Маверикс со 109:103 победи на гостувањето кај Сан Антонио, а Лука Дончиќ имаше уште една одлична партија која ја зачини со трипл-дабл. 

Далас водеше во најголемиот дел од мечот, но Сан Антонио успеа да се врати во последната четвртина, да го сврти резултатот и да дојде до позитива од еден поен. Но последните минути му припаднаа на Далас кој на крајот дојде до победата.
 
Лука Дониќ постигна 26 поени, имаше десет скока и 14 асистенции. Ова за него беше 21. трипл-дабл во кариерата со што се изедначи со Џејсон Кид кој го држи рекордот во најмногу трипл-дабл учиноци во Далас Маверикс. 
 
Но, Дончиќ не беше најефикасен играч на Далас во овој меч, Порзингис постигна 28 поени, имаше и 12 асистенции. Кај Сан Антонио ДеРоузан постигна 27 поени.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Њујорк 107:101
Кливленд - Филаделфија 108:94
Вашингтон - Бруклин 110:106
Атланта - Орландо 120:130
Мајами - Минесота 126:129
Хјустон - Мемфис 140:112
Сан Антонио - Далас 103:109
Феникс - ЛА Клиперс 92:102
Јута - Бостон 103:114

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе