НБА

Луда тројка на Дончиќ со звукот на сирената за победа на Далас (ВИДЕО)

Лука Дончиќ постигна необична тројка со скок со една нога со звукот на сирената за победа на Далас над Мемфис од 114-113. 

Дончиќ го предводеше Далас до нов триумф, а овој пат завршницата на мечот беше неверојатна. Во последните секунди Словенецот успеа да се избори за позиција за шут за три поени и постигна интересна тројка за победа на неговиот тим.
 
 
Тој со 29 поени беше најефикасен на теренот, имаше и девет асистенции, Порзингис постигна 21 поен. Најдобар кај Мемфис беше Ален со 23 поени.
 
 
Никола Јокиќ постигна трипл-дабл во победа на Денвер над Мајами од 123-106. Српскиот центар реализираше 17 поени 10 скокови и 11 асиситенции. Поефикасен од него во неговиот тим беше Портер со 25 поени, имаше и десет скокови, за Мајами Адебајо постигна 21 поен.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Кливленд 90:103
Филаделфија - Бруклин 123:117
Торонто - Сан Антонио 117:112
Чикаго - Орландо 106:115
Детроит - ЛА Клиперс 98:100
Њу Орлеанс - Њујорк 106:116
Хјустон - Индијана 124:132
Оклахома - Голден стејт 109:147
Мемфис - Далас 113:114
Денвер - Мајами 123:106
Сакраменто - Вашингтон 111:123

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе