НБА

Луда ноќ во НБА која покажа дека кошарката не е индивидуален спорт

Неколку кошаркари ноќеска имаа фантастични учиноци но нивните екипи ги губеа натпреварите. 

Лилард од Портланд постигна дури 60 поени на мечот против Бруклин Нетс, но неговиот тим на свој терен го загуби натпреварот со 119:115.
 
Ди Анџело Расел од Голден стејт го имаше својот најдобар натпревар во кариерата, постигна 52 поени, но неговиот тим поразен се враќа од гостувањето кај Минесота.
 
Лука Дончиќ постигна 38 поени, најмногу во својата НБА кариера, имаше и 14 скокови и 10 асистенции со што го направи својот четврти трипл-дабл оваа сезона, но Далас на свој терен загуби од Њујорк со 106:102.
 
Адетокумбо имаше 30 поени и 13 скокови, но Милвоки беше поразен од Јута со 103:100.
 
Резултати:
 
Индијана - Детроит 112:106
Орландо - Мемфис 118:86
Вашингтон - Кливленд 100:113
Атланта - Сакраменто 109:119
Њу Орлеанс - Торонто 104:122
Минесота - Голден стејт 125:119
Далас - Њујорк 102:106
Денвер - Филаделфија 100:97
Портланд - Бруклин 115:119
Јута - Милвоки 103:100
ЛА Лејкерс - Мајами 95:80

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе