Шампионот шокиран на свој терен

Луд натпревар, Клиперс се врати од -31 и му зема „брејк“ на Голден стејт (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс направи неверојатен пресврт на теренот на шампионот, губеше со 31 разлика а на крај победи со 135:131.

ЛА Клиперс израмни на 1-1 во серијата со Голден стејт по еден неверојатен меч во кој направија епски пресврт.
 
Голден стејт водеше во текот на целиот натпревар, во третата четвртина имаа предност од 31 поен разлика и во тие моменти никој не ни помислуваше на чудо, но се случи.
 
Клиперси постепено ја намалуваа негативата и на крајот успеаа да направат комплетен пресврт и да дојдат до победа од 135:131.
 
Лу Вилијамс со 36 поени и 11 асистенции беше предводникот на Клиперс во оваа победа, Стеф Кари кај Голден стејт реализираше 29 поени.
 
На 1-1 изедначи и Филаделфија која во еден исклучително ефикасен натпревар го совлада Бруклин со 145:123.
 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе