НБА

Луд кош на Ленард со звукот на сирената за победа на Торонто и пласман во финале! (ВИДЕО)

Кавај Ленард погоди со звукот на сирената и на Торонто му донесе победа од 92-90 над Филаделфија во решавачкиот дуел, Денвер и Јокиќ загубија на свој терен од Портланд и не се пласираа во финалето на Западот.

Торонто ќе игра против Милвоки во финалето на Истокот откако во мајсторката ја победи Филаделфија со 92-90.
 
Натпреварот беше изедначен, а го реши Кавај Ленард со неверојатен кош со звукот на сирената.
 
 
Ленард беше убедливо најдобриот на теренот, постигна 41 поен, во составот на Филаделфија Ембид даде 21 поен.
 
 
Денвер и Јокиќ на свој терен загубија од Портланд со 100-96 и ја завршија сезоната. Мекалум со 37 поени беше најефикасен на мечот, во составот на Денвер и овој пат беше најдобар Никола Јокиќ со 29 поени и 13 скока.
 
 
Во финалето на Западот Портланд ќе игра против шампионот Голден стејт, а на Истокот се среќаваат Милвоки и Торонто.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе