Квалификации за СП

Лошо второ полувреме, Македонија загуби од Украина во Киев

Македонската кошаркарска репрезентација покажа две лица на мечот во Киев, игравме одлично во првиот дел и многу лошо во второто полувреме поради што загубивме со убедливи 78-61. 

Втор меч во квалификациите за СП и втор убедлив пораз на Македонија. Во поголем дел од денешниот меч не изгледаше дека натпреварот ќе има таков крај, но Украина нè потпи во последниот период и на крајот домаќините победија со 17 поени разлика.
 
Во првото полувреме постојано водевме, имвме и осум поени предност (23-31), но по одморот почнавме да тонеме. Украина првото водство го имаше по неколку минути во третата четвртина и отогаш се беше во нивен знак.
 
Во последниот период одигравме катастрофална одбрани, за десет минути примивме дури 29 поени и на крајот загубивме со убедливи 78-61.
 
Во нашата репрезентација најфеикасен беше Крстевски со 14 поени, Вајли постигна 12, двоцифрен беше и Мекиќ со 10. Кај Украина најдобар беше Пустови со 18 поени.
 
Следните квалификациски натпревари на Македонија при крајот на февруари.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе