Квалификации за СП 2023

Лоша прва четвртина, ја чинеше Македонија пораз од Украина

Македонската кошаркарска репрезентација одлично се носеше со фаворизираната Украина, загубивме со 73-68, а одигравме само една лоша четвртина, но таа беше катастрофална. 

Македонија лошо го почна мечот, на Украина ѝ одеше шутот и погодуваше буквално од секаде, ние игравме лошо во одбраната, првата четвртина ја загубивме со 35-21.
 
Се надѕираше катастрофа, но не само што тоа не се случи, туку кошаркарите на Бајиќ целосно се вратија во натпреварот, малку по малку ја топевме негативата, во финишот од мечот дојдовме и на минус три, но не успеавме да го свртиме резултатот.
 
Судиите имаа две три несфатливи проценки кои влијаеа на резултатот, но сепак се чини дека Украинците на крајот заслужено се радуваа на победата од 73-68.
 
Дека првата четвртина беше клучна, стои фактот дека Украина во тие десет минути даде 35 поени, а во останатите 30 минута, постигнаа само три поени повеќе, вкупно 38.
 
Најдобар кошаркар во нашиот состав беше Андреј Јакимовски кој постигна 17 поени, имаше и девет скокови, Војдан Стојановски постигна 15 поени, двоцифрен беше и Бојан Крстевски со 13 поени. Најефикасен на натпреварот беше Михајук кој постигна 24 поени, двоцифрен во составот на Украина беше само уште Санон кој постигна 10.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе