Втора АБА Лига

Лоша последна четвртина, МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Сплит

МЗТ Скопје го забележа поразот број пет во втората АБА Лига, вечерва „штрковите" беа поразени на гостувањето кај Сплит со 98-85.

На отварањето на 17. коло во втората АБА Лига, МЗТ Скопје загуби на гостувањето во Хрватска. „Штрковите“ имаа предност на полувреме, но одиграа лошо во последната четвртина и на крајот беа поразени со високи 98-85.

Шампионот на Македонија го отвори мечот со серија од 2-10, но Сплит возврати и до крајот на првата четвртина имаше предност 27-22. МЗТ Скопје ги консолидираше редовите во втората четвртина, по пет минути игра ја анулираше предноста на домаќините, продолжи да го полни кошот на противникот и на пауза замина со пет позитива (45-50).

Во третиот период беше изедначено, Сплит во неколку наврати се приближи но МЗТ Скопје одолеа и во завршните 10 минути влезе со предност од два поени (67-69).

Избраниците на Кочов сепак потклекнаа во последната четвртина, особено во завршницата кога Сплит направи серија од 19-5 и стигна до победа од 98-85.

Бојан Крстевски со 18 поени беше најпрецизен во редовите на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски постигна 17 поени, а двоцифрен ефект имаа уште и Ѓорѓе Милошевиќ со 15, Ерон Харис со 11 и Џабари Хиндс со 10 поени.

За „штрковите“ ова беше петти пораз оваа сезона во втората АБА лига, но и покрај тоа ќе останат на втората позиција на табелата.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе