АБА 2 лига

Лош меч за МЗТ Скопје, убедлив пораз од Рогашка

По победата во првото коло против Младост Земун, МЗТ Скопје го загуби вториот меч на турнирот во Златибор и тоа убедливо беше поразен од Рогашка со 64-80. 

МЗТ Скопје добро влезе во мечот, имаше водство од 10-5, но тука застана, следуваше серија од 10 нула на Рогашка, го свртеа мечот и го контролираа резултатот до самиот крај. На полувремето противникот водеше со 45-29, на крајот мечот го доби со 80-64.
 
Најефикасни во составот на МЗТ Скопје беа Дамјан Стојановски  Хуан Дејвис со по 12 поени, Вар и Мекииќ реалаизираа по 10.
 
Следниот настап на МЗТ Скопје во АБА 2 лигата е на турнирот во Осјек кој се игра на почетокот од следниот месец.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе