НБА

Лилард со неверојатни 61 поен го предводеше Портланд до победа на Далас за осмо место на Западот (ВИДЕО)

Нова моќна партија на Лилард кој му донесе исклучително значајна победа на Портланд за место во плејофот, тие триумфираа над Далас со 134:131. 

Портланд сега е во пол позиција за последното место од Западот кое носи во плејофот. Лилард блескаше уште еднаш, овој пат му даде фантастични 61 поен на Далас.
 
Тој стана само вториот играч во историјата на НБА кој трипати во една сезона постигнал 60+ поени, другиот кој го направил тоа е Вилт Чембрлејн во сезоната 1961-62 и 1962-63.
 
 
Мечот меѓу Далас и Портланд беше неизвесен, екипите се менуваа во водство, Мавси водеа речиси во текот на целата последна четвртина, но финишот му припадна на Портланд.
 
Лилард со 61 поен беше ѕвездата на мечот, во составот на Далас Порзингис беше најдобар со 36 поени, Дончиќ постигна 25 и имаше 10 скокови.
 
 
Резултати:
 
Орландо - Бруклин 96:108
Сан Антонио - Хјустон 123:105
Филаделфија - Феникс 117:130
Мемфис - Бостон 107:122
Далас - Портланд 131:134
Сакраменто - Њу Орлеанс 112:106
Вашингтон - Милвоки 113:126

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе