НБА

Лилард со фантастична партија го предводеше Портланд до гостинска победа кај Лејкерс (ВИДЕО)

Лилард имаше брилијантен меч на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс каде Портланд победи со 127:119. 

Лос Анџелес Лејкерс го загуби првиот натпревар по смртта на Коби, а најголем виновник за тоа беше Лилард.
 
Тој постигна 48 поени, имаше десет асистенции и девет скока, беше главен играч во триумфот од 127:119 иако одличен беше и Вајтсајд со 30 поени и 12 скокови.
 
Во составот на Лејкерс најдобар беше Ентони Дејвис со 37 поени и 15 скокови, Леброн имаше 22 поени, десет асистенции и осум скокови.
 
 
Далас без Лука Дончиќ го загуби тексашкото дерби против Хјустон кој на свој терен победи со 128:121.
 
Харден со 35 поени и 16 скокови беше најдобар кај Хјустон, но одличен беше и Вестбрук кој уфрли 32 поени. Во отсуство на Дончиќ, кај Далас Порзингис се истакна со 35 поени и 12 скокови.
 
 
Резултати:
 
Детриот - Торонто 92:105
Бруклин - Чикаго 133:118
Хјустон - Далас 128:121
Њу Орлеанс - Мемфис 139:111
Милвоки - Денвер 115:127
Феникс - Оклахома 107:111
ЛА Лејкерс - Портланд 119:127

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе