НБА

Лилард со 51 поен го предводеше Портланд до многу важна победа над Филаделфија (ВИДЕО)

Портланд со 124:121 ја победи Филаделфија и оствари многу важен триумф во трката за последното место на Западот кое носи во плејофот. 

Лилард блескаше во победата на Портланд над Филаделфија, тој ја презема одговорноста во тимот, одигра маестрална партија и ги остави блејзерси во игра за плејофот.
 
Мечот беше неизвесен иако Портланд почна моќно и ја доби првата четвртина со 33:19, Филаделфија се врати и во последниот период влезе со предност од еден поен. Но Лилард стапи на сцена кога најмногу беше потребно и на крајот неговиот тим славеше со 124:121.
 
Тој постигна 51 поен, имаше седум асистенции и три скока. Најефикасен во составот на Филаделфија беше Ричардсон со 34 поени.
 
Портланд има ист број на победи како и осмиот Мемфис, но има пораз повеќе. Остануваат уште по два меча до крајот на регуларниот дел од сезоната.
 
 
Резултати:
 
Оклахома - Вашингтон 121:103
Торонто - Мемфис 108:99
Њу Орлеанс - Сан Антонио 113:122
Бостон - Орландо 122:119
Портланд - Филаделфија 124:121
Сакраменто - Хјустон 112:129
ЛА Клиперс - Бруклин 120:129 

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе