Европско првенство за играчи до 16 години

Летонија го плати цехот, Македонија се радува на првата победа на Европското првенство

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години ја забележа првата победа на Европското првенство, вечерва „црвено-жолтите" славеа со 64-53 над Летонија.

Прва радост за Македонија во Удине, откако синоќа испуштивме големо водство и по три продолженија загубивме од Израел, вечерва избраниците на Денис Дервишевиќ славеа во дуелот со Летонија со 65-53.

По една изедначена прва четвртина со мал број на поени (9-9), Македонија почна да диктира игра, вториот период го добивме со 21-16, а во исто темпо продолживме и во третата четвртина, која ја решивме во наша корист со 17-10.

За разлика од мечот со Израел кога се распаднавме во завршните 10 минути, денеска нашите надежи одиграа на ниво, не дозволија противникот во ниту еден момент да се врати во игра и на крајот триумфиравме со двоцифрена предност.

Андреј Митревски беше прв играч во нашите редови со 23 поени, а солидна помош имаше и од Филип Наков, кој мечот го заврши со 15 поени.

Со оваа победа, Македонија заврши на третото место во Групата Б, и во осминафинале ќе вкрстиме со второпласираниот во Групата А. Кој ќе биде наш противник ќе дознаеме доцна вечерва, по одигрувањето на дуелот помеѓу Италија и Русија. Има многу математики и можеме да налетаме на некого од Хрватска, Русија па дури и домаќинот Италија.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе