Голем инцидент

Летаа боксови во Кливленд, Ибака ја режираше најлудата тепачка во НБА оваа година (ВИДЕО)

На пресметката помеѓу Кливленд и Торонто настана голем инцидент, центарот на „Репторси", Серж Ибака го нападна Маркес Крис, на крајот двајцата беа исклучени.

Серж Ибака ја режираше најлудата тепачка во НБА оваа година. Центарот на Торонто утрово на гостувањето во Кливленд имаше дуел со Маркес Крис во рекетот за една топка по што падна на паркетот.

Репрезентативецот на Шпанија потоа „експлодираше“, го турна противникот од зад грб, го фати за вратот и му удри бокс. Крис исто така одговори со бокс, по што притрчаа останатите играчи и ги раздвоија. По инциденетот, двајцата кошаркари беа исклучени.

 

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе