НБА

Лејкерси се вратија од 19 поени негатива против Чикаго, Леброн Џејмс имаше партија за историја (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс ја забележа шестата победа во низа, „езерџиите" утрово се вратија од голема негатива на гостувањето кај Чикаго и триумфираа со 112:118, Леброн Џејмс испиша историја откако забележа нов трипл-дабл.

ЛА Лејкерс имаат најдобар скор во НБА откако триумфираа против Чикаго и ја забележаа шестата победа во низа. „Биковите“ во неколку наврати имаа позитива од 19 поени, но тоа не беше доовлно за да го совладаат фаворитот.

„Езерџиите“ ја отворија последната четвртина со серија од 0-16, и тоа со резервистите на терен, па кога Леброн Џејмс се врати во игра, следуваше нова низа и позитива од 13 поени со која беа решени сите дилеми околу победникот. Конечниот резултат на семафорот гласеше 112:118.

Леброн Џејмс мечот го заврши со 30 поени, 11 скокови и 10 асистенции и испиша историја. Тој стана најстариот играч кој успеал на три меча во низа да забележи трипл-дабл учинок.

НБА резултати:

Шарлот - Индијана 122:120
Кливленд - Бостон 113:119
Атланта - Сан Антонио 108:100
Чикаго - ЛА Лејкерс 112:118
Оклахома - Орландо 102:94
Денвер - Мајами 109:89

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе