Шампионот лесно се справи со Хјустон, водеше во текот на целиот натпревар, а клучната разлика ја направи во втората четвртина која ја доби со 15 поени разлка. До крајот само ја одржуваше предноста за победа од 120:102.
Ентони Дејвис со 27 поени беше најефикасен на мечот, Леброн Џејмс постигна 18. Во составот на Хјустон, Вуд со 23 поени беше најдобар стрелец, Харден реализираше 20.
Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа на гостувањето кај Њујорк Никс со 114:89. Тој постигна 22 поени, имаше и 10 скокови. Најефикасен на мечот беше Рендл од домашниот тим со 29 поени и 10 скока.
Резултати:
Детроит - Јута 86:96
ЛА Клиперс - Чикаго 130:127
Бруклин - Оклахома 116:129
Њујорк - Денвер 89:114
Хјустон - ЛА Лејкерс 102:120
Минесота - Сан Антонио 96:88
Голден стејт - Торонто 106:105