НБА

Лејкерс нема да играат плеј-оф, Феникс им ја урна и последната надеж (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс беше поразен на гостувањето кај Феникс и со тоа ги загуби сите шанси за место во плеј-офот со што ја заокружи мизерната сезона. 

Пред почетокот на сезоната Лејкерс важеше за еден од фаворитите за освојување на титулата, но во реалноста тие имаа сезона за заборав.
 
Леброн Џејмс не настапи на овој дуел, од клупата мораше да ги следи неговите соиграчи како се мачат во уште еден дуел и на крајот со наведната глава го напуштаат паркетот.
 
Најдобар во составот на Лејкерс беше Расел Вестбрук со 28 поени, а на теренот број еден беше Букер со 32 поени, одличен беше и Ајтон со 22 поени и 13 скокови.
 
 
Резултати:
 
Индијана - Филаделфија 122:131
Орландо - Кливленд 120:115
Бруклин - Хјустон 118:105
Мајами - Шарлот 144:115
Торонто - Атланта 118:108
Чикаго - Милвоки 106:127
Минесота - Вашингтон 114:132
Оклахома - Портланд 98:94
Денвер - Сан Антонио 97:116
Јута - Мемфис 121:115
Сакраменто - Њу Орлеанс 109:123
Феникс - ЛА Лејкерс 121:110

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе