петок, 19 април 2024
Парламентарни избори 2024

Ковачевски: Мицкоски во главата има само мораториум за интеграција во ЕУ

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, сѐ повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ. Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски“, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг во Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Но, како што додаде лидерот на СДСМ, наместо национално единство за таков мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ и тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката, како што нагласи, што граѓаните треба да ја донесете на овие избори.
Едната опција се Мицкоски, Сиљановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево Пендаровски кои нема да се откажат од нашата европска иднина, додаде Ковачевски.
„ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски е истото ВМРО-ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор. Тие нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ, а потоа ќе ја обвинуваат Европската Унија за сѐ. Спремни се Македонија уште 100 години да не влезе во ЕУ“, истакна Ковачевски и додаде дека главниот фокус на неговата партија и претседателот Пендаровски, останува членството во Европската Унија. ЕУ, како што наглси, е единствената шанса Македонија да се промени и да напредува.
„Едноставно е, друг начин нема, друга опција не постои. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја“, рече лидерот на СДСМ.
Во делот на други програмски определби, Ковачевски повтори дека како нова власт гарантира 20.000 денари минимална пензија и 30.000 денари просечна пензија за достоинствен живот на пензионери, за кои рече дека ја изградија државата.
Тој повтори дека во изминатиот период, како што рече, СДСМ ги зголеми пензиските примања за 55%.
„Јасно ми е дека очекувањата се поголеми, ние сме подготвени да работиме ден и ноќ“, додаде тој.
СДСМ одржува вечерва митинг и во Охрид.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ