Кошаркарите на Лејкерс покажаа дека се фаворити во финалната пресметка против Мајами откако моќно го совладаа противникот.
Мајами одлично го почна мечот, имаше водство од 25:12 но тоа брзо почна да се топи, не само што Лејкерс го свртеа натпреварот туку во третата четвртина неколку пати водеа и со 30 поени разлика.
Откако беше јасно кој ќе биде победникот, Лејкерс влегоа во опуштена завршница и му дозволија на противникот да намали, конечниот резултат беше 116:98.
На Леброн Џејмс му фалеше една асистенција за трипл-дабл, имаше 25 поени, 13 скокови и девет асистенции, Ентони Дејвис беше најефикасен со 34 поени. Во составот на Мајами, Батлер постигна 23 поени, Адебајо уфрли само осум, Драгиќ беше уште полош, постигна шест.