НБА

Лејкерс ја освои 17-та НБА титула, Леброн ја заврши сезоната со трипл-дабл (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 106:93 го победи Мајами Хит во шестиот натпревар од финалната серија и со 4-2 стана нов НБА шампион, трофеј кој во историјата го освојуваат по 17. пат. 

Леброн Џејмс со трипл-дабл го предводеше Лејкерс до нова победа над Мајами која овој пат значеше и шампионска титула. Тој беше прогласен и за МВП на финалето.
 
Во овој меч Лејкерс буквално го растури Мајами кој не водеше во ниту еден момент од натпреварот. Во текот на третата четвртина имаа предност и од неверојатни 36 поени разлика 82:46, во финишот се опуштија и му дозволија на противникот да дојде до пристоен пораз 106:93.
 
Леброн Џејмс беше најдобриот на паркетот со 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции, Рондо беше одличен со 19 поени, исто колку што имаше и Дејвис кој запиша и 15 скокови.
 
Во тимот на Мајами најдобар беше Адебајо со 25 поени и 10 скокови, конечно се врати и Драгиќ кој одигра 18 минути за кои реализираше пет поени, исто толку скокови и две асистенции.
 
Ова е 17-та титула на Лејкерс со што се издначија со Бостон во најмногу освоени трофеи во историјата на НБА.
 
 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе