НБА

Лејкерс го загуби дербито на Лос Анџелес, Голден стејт го изненади Хјустон (ВИДЕО)

Лос Анџеленс Лејкерс го загуби божиќниот меч против градскиот ривал Клиперс, гостите славеа со 111:106, Хјустон беше голем фаворит против Голден стејт но домаќините и без главните ѕвезди победија со 116:104. 

Лос Анџелес Лејкерс не ги израдува своите навивачи за Божиќ, Клиперс предводени од одличниот Ленард го добија мечот со пет поени разлика која ја направија во последната четвртина.
 
Ленард беше најдобар на мечот со 35 поени и 12 скокови. На Леброн Џејмс му недостасуваше еден скок за трипл-дабл имаше 23 поени, 10 асистенции и девет скокови. Поефикасни од него беа Кузма со 25 поени и Дејвис со 24.
 
 
Хјустон беше голем фаворит на гостувањето кај Голден стејт кој без своите ѕвезди кои се отсутни поради повреди е еден од најслабите тимови во лигата, но ноќеска не беше така. Тие одиграа одличен меч и ги победија „ракетите“ со 116:104.
 
Голден стејт го красеше тимска игра, Ли постигна 22 поени имаше и 15 скокови, Грин реализираше 20 поени со 11 скокови, 20 поени постигна и Расел. Во составот на Хјустон Вестбрук со 30 поени беше најефикасен, Харден реализираше 24.
 
 
Резултати:
 
Торонто - Бостон 102:118
Филаделфија - Милвоки 121:109
Голден стејт - Хјустон 116:104
ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс 106:111
Денвер - Њу Орлеанс 100:112

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе