НБА

Лејкерс го победи Њујорк по продолжение, Јокиќ и Портер донесоа нов триумф за Денвер (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс по продолжение го победи Њујорк со 101-99, Јокиќ и Портер беа главните во триумфот на Денвер на гостувањето кај Шарлот од 117-112. 

Шампионот Лос Анџелес Лејкерс по тешка и неизвесна битка го победи Њујрок во меч кој имаше едно продолжение.
 
Кајл Кузма со 23 поени беше најефикасен во составот на Лејкерс, Дејвис постигна 20 поени, одличен беше Драмонд со 16 поени и дури 18 скокови, а дабл-дабл учинок имашае и Хортон Такер кој постигна 13 поени и 10 асистенции. Во составот на Њујорк, Рендл реализираше 31 поен, Роуз 27.
 
 
Денвер оствари гостинска победа кај Шарлот, а Јокиќ повторно беше главен во триумфот, овој пат друштво му правеше Портер кој како одминува времето игра се подобро.
 
Јокиќ имаше дабл-дабл учинок со 30 поени и 11 скокови, Портер постигна исто така 30 поени. Најдобар во составот на Шарлот беше Грахам со 31 поен.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Денвер 112:117
Детроит - Минесота 100:119
Бостон - Мајами 121:129
Торонто - ЛА Клиперс 96:115
Чикаго - Бруклин 107:115
Индијана - Филаделфија 103:94
Мемфис - Далас 133:104
Милвоки - Орландо 114:102
Голден стејт - Феникс 122:116
ЛА Лејкерс - Њујорк 101:99
Сакрамаенто - Оклахома 122:106

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе