НБА

Лејкерс го добија големото дерби против Бостон, Зион го препороди Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 114:112 славеше против Бостон во дуелот на најтрофејните екипи во НБА, Зион Вилјамсон му донесе уште една победа на Њу Ореланс овој пат над Голден стејт со 115:101. 

Лос Анџелес Лејкерс и Бостон Селтикс одиграа вистинско дерби со неизвесна завршница кое на крајот го добија домаќините.
 
Лејкерс водеа во текот на целото прво полувреме, но работите се променија во третиот период во кој Бостон го презеде водството и дојде и на плус седум, сепак Лејкерс се врати во финишот и во една пенал завршница дојде до триумф од 114:112.
 
Ентони Дејвис со 32 поени и 13 скокови беше најдобар поединец кај Лејкерс, Леброн реализираше 29 поени. Ѕвездата на Бостон, Тејтум беше најефикасен на теренот со 41 поен.
 
 
Зион Вилијамсон имаше уште една фантастична партија, младиот кошаркар го препороди Њу Орлеанс кој дојде до позиција да се бори за пласман во плејоф.
 
Синоќа славеа на гостувањето кај Голден стејт со 115:101. Зион беше најефикасен со 28 поени. Осми пат по ред тој постигнува над 20 поени.
 
 
Резултати:
 
ЛА Лејкерс - Бостон 114:112
Денвер - Минесота 128:116
Торонто - Индијана 127:81
Чикаго - Вашингтон 126:117
Оклахома - Сан Антонио 131:103
Голден стејт - Њу Орлеанс 101:115
Портланд - Детроит 107:104

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе