НБА

Лејкерс го добија дербито на Лос Анџелес, Дончиќ одличен но Далас загуби од Индијана (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 112:103 го победи градскиот ривал Лос Анџелес Клиперс, Лука Дончиќ постигна 36 поени но Далас загуби на свој терен од Индијана со 112:109. 

Градските ривали Клиперс и Лејкерс одиграа интересен натпревар, кој по голема борба го добија условно гостите на овој меч со 112:103.
 
Ентони Дејвис и Леброн Џејмс уште еднаш покажаа дека функционираат фантастично како тандем. Дејвис постигна 30 поени, Леброн реализираше 28 но одигра и одлична одбрана. Најефикасен на мечот беше Пол Џорџ од Клиперс.
 
 
Лука Дончиќ имаше одлична вечер, но неговиот индивидуален учинок не му помогна на Далас да избегне пораз од Индијана, загуби со 112:109.
 
Дончиќ постигна 36 поени, имаше десет скока и осум асистенции. Индијана немаше поединец кој се истакна, но имаше одлична тимска игра, најефикасен беше Сабонис со 20 поени.
 
 
Резултати:
 
Бруклин - Чикаго 110:107
ЛА Клиперс - ЛА Лејкерс 103:112
Минесота - Њу Орлеанс 107:120
Бостон - Оклахома 104:105
Феникс - Милвоки 140:131
Далас - Индијана 109:112
Хјустон - Орландо 106:126
Вашингтон - Мајами 89:100
Кливленд - Сан Антонио 132:129
Њујорк - Детроит 96:84
Сакраменто - Торонто 113:118

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе