НБА

Легендарниот Патрик Јуинг е позитивен на коронавирус

Поранешниот кошаркар на Њујорк никс, Патрик Јуинг, објави дека е позитивен на Ковид-19. 

Легендата на Њујорк никс, сегашен тренер на Универзитетот Џорџтаун има коронавирус.
 
„Сакам да споделам со вас дека сум позитивен на Ковид-19. Ова е сериозен вирус и не смее да се сфати лабаво. Сакам да им кажам на сите да останат безбедни, да се грижат за себе и за своите најблиски. Сега повеќе од било кога сакам да им се заблагодарам на здравствените работници и на сите оние кои се во првите линии против оваа болест. Јас ќе бидам добро и сите заедно ќе го надминеме ова“, вели Патрик Јуинг.
 
57-годишниот Јуинг е во локална болница и засега е во добра состојба. Нема други позитивни од тимот на Џорџтаун Универзитетот.
 
Јуинг 15 години помина во дресот на Њујорк Никс, а потоа по една сезона играше и за Сиетел суперсоникс и Орландо меџик.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе